Дојава за експлозивна направа и во Куманово

од Nikola Popovski
118 прегледи

Закана за поставена експлозивна направа утрово има и во кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“, потврдија денеска надлежните од училиштето и од Советот на родители. Освен таму, дојави пристигнале и на адресите на скопските гимназии „Ѓорги Димитров“, „Никола Карев“, „Јосип Броз Тито“.

Учениците и вработените се надвор од школските објекти и во моментов се врши проверки на терен од страна на полицијата.

Од МВР потврдија дека утрово има пријави за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, а подетални информации најавија за подоцна.

Дојави за бомби има и во основните училишта „Александар Македонски”, „Лазо Ангеловски”, „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“ на територија на Општина Аеродром, Скопје.

Слични содржини