Дојави за бомби имало и во ТЦ Бисер, Транспортниот центар и полициска станица

од Nikola Popovski
213 прегледи

Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар.

Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Ова е за првпат закани за бомби да има и по други објекти. Во претходниот период дојави пристигнуваа на адресите на средни и основни училишта, а за првпат пред два дена заканувачки мејл имаше пристигнато и на адресата на Народната банка.

Сите досегашни дојави беа потврдени како лажни.

Првата регистрирана закана беше испратена на 26-ти октомври кога во земјава беше во посета претседателката на Европска комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Слични содржини