153
Закани за експлозивни направи утрово испразнија 18 училишта во Скопје, информираат од полицијата.
-Денеска (02.03.2023) до 08.20 часот во МВР e пријавено дека на електронските адреси на 18 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, појаснуваат од МВР.
Вчера имаше дојави во 120 училишта и сите беа утврдени како лажни после спроведените антитерористички проверки.