Дојави за бомби стигнаа до владата на Хрватска, судовите и повеќето државни институции

од Stefanija Kuzmanovska

Во моментов се врши евакуација на зградата во која се наоѓаат сплитски судови, потврдил за „Јутарњи“ портпаролот на Жупанискиот суд во Сплит, судијата Динко Мешин, откако добил мејл за дојава за бомба.

Пред 15 минути беше евакуирана и зградата на судот во Вараждин поради дојава за експлозивна направа. Во зградата се сместени жупаниските, општинските, стопанските и прекршочните судови, а во овој момент таа била полна. Во една од судниците се водеше рочиште за убиство и четири обиди за убиство во ромската населба Параг во Меѓумурје, за кои беа обвинети Нино и Марио Балог.

Претресот на зградата е во тек и не се знае дали судот денеска ќе продолжи со работа.

„Јутарњи“ дознава дека покрај сите судови, заканувачкиот мејл го добиле и повеќето државни институции, а прва на листата на оние кои им било дојавено за бомба била владата на Република Хрватска.

Слични содржини