До каде се оди !! Европратеник предложи свински глави на границите за заплашување на мигрантите

од desk3
118 прегледи

Унгарскиот европратеник Дорд Шчоплин изјави дека ставањето на свински глави на границите на Унгарија би бил ефикасен начин да се ограничи миграцискиот поток. Шчоплин одговори на публикација на новинарот и заштитник на човековите права Ендрју Штројлјан кој прошири на Твитер слика на шеќерна репка, на чие место беше фотографијата човечко лице.

0243228001457623793_558362_600x458

Сликата беше проследена со линк до статија на весникот “Вашингтон пост”, според која таквите “плашила”, прикачени кон оградата на унгарската граница како шега ќе ги одбијат мигрантите.
“Сликата на човек е Харам” (забранети од исламот ). Но се согласувам, свински глави би ги соприрале поефикасно “, одговори пратеникот во коментар под мислењето на заштитникот на човековите права. Според исламските канони прикажување на Бога како човек е забрането, но не и прикажување на човекот како таков. По објавата на социјалните мрежи беше разгорена дискусија и многу корисници го обвинија Шчоплин во ксенофобија. Самиот европратеник ја претставува владејачката во Унгарија партија ФИДЕС, чиј лидер е премиерот Виктор Орбан. Од самиот почеток на бегалскиот бран тој зазеде антиимигрантска позиција. НА 2 октомври по иницијатива на Владата Унгарците ќе гласаат на референдум дали ги прифаќаат наметнати од ЕУ квоти за доселувањето на имигрантите во земјите-членки.