До крајот на месецов се очекува кинеската помош против пандемијата на Ковид-19

од Берта Китинска
347 прегледи

Со заеднички напори, без дискриминација да се бориме против пандемијата на Ковид-19 и со меѓусебна соработка на земјите во светот да го зајакнеме здравствениот систем за благосостојбата на целото човештво, бидејќи тоа нема да биде во корист на една земја, туку на целиот свет, порача денеска кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Ѕуо, кој истакна дека кон крајот на месецот се очекува да пристигне кинеската помош за земјава.

-Имаше обиди за политизација на пандемијата, на оцрнување на Кина. Кога гледам извештаи за починати од вирусот навистина сум многу трогнат, затоа сум против тоа Ковид-19 да се политизира, бидејќи вирусот не познава граници и ниту една држава сама не може да ја победи пандемијата, рече кинескиот амбасадор и додаде дека во текот на борбата против вирусот во Кина, неговата земја добила поддршка од над 140 држави.

Тој нагласи дека граѓаните на  Македонија, како и кинеските граѓани се борат против пандемијата и додаде дека двете земји се заедно во таа борба и оти заедништвото е начинот на кој може да се извојува победа.

Кон крајот на овој месец, како што информира Џанг Ѕуо е планирано да пристигне кинеската помош за  Македонија. Со властите на земјава се уште го договараат прецизниот датум, бијдеќи како што рече, тешко е во моментов да се организира транспорот.

Слични содржини