До крајот на неделава антикризни мерки за ранливите категории граѓани

од Nikola Popovski
378 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска најави дека се очекува до крајот на оваа недела, Владата да ги донесе мерките за сите ранливи категории граѓани. Според нејзе, тогаш точно ќе се знае кој се ќе биде опфатен и колку месечна ќе биде поддршката.

Од Работната група, додаде, се веќе доставени предлози поддржани да бидат особено пензионерите со ниски пензии.

Како што информира министерката, се работи и на решението за минимална пензија но, со оглед дека е комплексно, најверојатно нема да биде готово до крајот на овој месец.

Владата уште претходно најави дека одредени антикризни мерки, кои ќе бидат насочени за ранливите категории граѓани, веќе со почеток на ноември би требало да бидат активни.

Според вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи досега во Буџетот се обезбедни околу 70 милиони евра за пакетот антикризни мерки.

Слични содржини