319
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека до крајот на неделата треба да пристигнат 600.000 дози вакцини.
„Петок стигаат 100.000 Фајзер, а во недела пристигнуваат со два чартер-летови 500.000 дози од компанијата Синовак“, информира премиерот и додаде дека од понеделник сите 180.000 граѓани што се пријавиле, а се уште немаат примено вакцина, ќе ја примат.
Тој додаде дека од понеделник ќе започнат со поголема кампања за вакцинација.
„Засега таа добро се одвива. Таргетот е милион и двесте илјади граѓани што треба да бидат вакцинирани. До 20-ти јули годинава очекуваме половина милион граѓани да се имунизирани со две вакцини“, нагласи Заев во гостувањето на емисијата „Топ тема“.