83
Стабилно, суво и топло време ќе има до понеделник, а веќе од вторник се очекува позначителна промена на времето со поизразено заладување и опаѓање на температурите.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува извесно зголемување на облачноста во недела кога се очекува да има благо опаѓање на дневната температура и умерен северен ветер.
До недела дневните температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 34 степени.