Доаѓа од Кина, се пренесува од човек на човек… Што точно е коронавирусот?

од Elena Daskalova
348 прегледи

Вирусот 2019-nCoV кој во моментов се шири од човек на човек, содржи нова мутација на претходно познатиот коронавирус, кој досега имаше шест видови, но новиот е седми.

Научниците веруваат дека е сосема веројатно животните да се примарен носител, а дека понатаму се пренесува од човек на човек. Први знаци на инфекцијата се респираторните проблеми, покачената температура и исцрпеноста.

Во Кина во моментов важи препораката да се избегнува контакт со животни, месото и јајцата темелно да се обработуваат термички, а и да се избегнуваат преблиски контакти со потенцијално заразени лица. Во некои случаи, заразата може да се пренесе и со ракување или допирање.

Во поблаги случаи предизвикува симптоми слични на вообичаена настинка, но кај луѓето со нарушен имунитет може да предизвика воспаление на белите дробови или бронхит.

Со оглед на тоа дека се работи за вирус, лек не постои, а лекарите би можеле да препишат само лекови кои ги смируваат симптомите на треска и настинка и ги намалуваат болките.

Засега ризикот од епидемија е на ниско ниво, но аеродромите во Сингапур, Хонгконг и Токио се со висока подготвеност за потенцијален удар на епидемијата. Слични мерки се најавени и за аеродромите во Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк.

Коронавирусот може да биде опасен за луѓе кои веќе имаат акутен или хроничен проблем со респираторниот систем, кои се болни од тешка болест која го нарушува и имунитетот или оние кои сами по себе имаат слаб имунолошки одговор.

Слични содржини