
„Ќе ги покачиме платите. Ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да отворат нови работни места и да можат да даваат повисоки плати на вработените. Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните, индивидуално, преку враќање на 15 проценти од платениот ДДВ во потрошувачките сметки на секој граѓанин. И општо, кон здравството – за бесплатно боолничко лекување на сите, кон образованието – за квалитетно образование со помалку часови, а поголем успех, кон социјалата – за никој да не е гладен и без дом. Ќе подигнеме институции за граѓаните. Македонија ќе ја поставиме на здрави основи, ќе биде држава на слободни и еднакви граѓани, праведно и правично општетство….За сите доаѓа живот. Секој беше важен. Секој е важен. И секој ќе биде важен. Продолжуваме заедно. Ќе го создадеме животот што го избравме.“, пишува во партиското соопштение.