Во Италија, бројот на смртни случаи дневно од „Ковид 19“ продолжува да опаѓа, како и бројот на нови случаи на инфекција, а бројот на излекувани лица расте.
Денес починаа 242 лица, што е за 20 помалку од претходниот ден, а потврдени се уште 789 пациенти, или околу 200 помалку отколку во четвртокот, пренесува Ројтерс.

Вкупно 31.610 лица починаа од избувнувањето на епидемијата во Италија, објави Агенцијата за цивилна заштита. Бројот на потврдени случаи се искачи на 223.885. Во однос на бројот на починати, Италија е на третото место по Соединетите држави и Британија, а во однос на бројот на заразени, таа е на петтото место зад САД, Шпанија, Велика Британија и Русија.
Во интензивна нега има 806 лица. До денес, закрепнале 120.205 луѓе, 5000 повеќе од вчера.