Добри вести за Рагник пред напорната божиќна сезона

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан денеска ќе продолжи со целосните тренинзи со останатите соиграчи и ќе му биде на располагање на новиот менаџер Ралф Рагник за натпреварите за време на традиционално напорната претстојна сезона во Премиер лигата.

28-годишниот Французин се повреди кон крајот на октомври за време на финалето на Лигата на нацииte и оттогаш не игра. Веќе десетина дена Варан одржува лесни тренинзи на теренот и сега доби „зелено светло“ за 100% учество на тренинзите на „црвените ѓаволи“.

Се очекува тој да биде вклучен во групата на Манчестер Јунајтед и за утрешното гостување кај Норич, но по секоја веројатност Варан ќе биде оставен на клупата за овој меч. Поголема е веројатноста да се врати во игра за натпреварот против Брентфорд кој е во средината на следната недела.

Слични содржини