Добро смислен трик: Зошто портокалите се продаваат во црвени вреќички?

од Elena Daskalova
500 прегледи

Продавачите и трговците имаат свој начин да ве придобијат вас како потрошувач, а маркетиншките трикови и игрите со умот се само дел од тоа.

На пример, дали некогаш сте забележале дека портокалите најчесто се спакувани во црвени вреќички, а лимоните во бели или зелени? Сигурно не мислите дека има случајност во сето тоа?

Црвената мрежа, низ која се гледаат портокалите, им додава повеќе боја и ги прави попримамливи за окото. Слично е и со лимоните.

Уште еден трик на кој „паѓате“ се и големите корпи за пазарување и визуелната потреба да ги наполните, а со тоа и да купите што повеќе продукти.

Еден начин на кој трговците ја зголемуваат продажбата е и сместување на основните намирници како леб и млеко на крајот на продавницата, за одејќи кон нив, другите шарени производи да ве примамат и да купите нешто од тоа.

Слични содржини