Дочек како што доликува: Аплауз за словенечките пожарникари од жителите на Берово (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Откако вчера словенечките пожарникари пристигнаа во земјава, веднаш се упатија кон опожарените региони во беровско и пехчевско. Додека поминуваа низ градот Берово, беа пречекани со аплауз од локалните жители, а видеото беше објавено од словенечката амбасада во земјава.

Притоа, на социјалните мрежи изобилуваше со коментари, во кои се укажуваше на благодарност за помошта во справување со пожарите.

Директорот на Дирекцијата за заштите и спасување, Беким Максути вчера изутрина ги пречека словенечките пожарникари, кои се испратени како помош за справување со огнената стихија во земјава.

-Денеска во граничниот премин табановце директорот на ДЗС, го пречека конвојот на Тимот за заштита од пожари од Р. Словенија кој е составен од 45 лица, команда, ИТ експерти, медицинска екипа, пожарникари со 11 противпожарни возила и транспортни возила. Во координација на ДЗС конвојот е испратен во Берово од каде пожарникарите ќе се распоредат во критичните места опфатени од пожарот, соопштија од ДЗС.

 

Слични содржини