„Додека Данте спие“ од Силвија Митевска објавена во Италија

од Vladimir Zorba
97 прегледи

  Во издание на издавачката куќа „Беса Саленто“’ од Италија излезе од печат збирката раскази „Додека Данте Спие“ на писателката Силвија Митевска. Делото од македонски на италијански јазик го преведе д-р Лучиана Гуидо Шремп, која работи на Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филолошкиот факултет.

Според најавата на издавачот „Беса Саленто“, во центарот на приказните во збирката „Додека Данте спие“-проза која се чита во еден здив-се ликови со кои е лесно да се идентификуваш, мажи и жени кои би можеле да бидат секој од нас а кои, во исто време имаат поинаков поглед на реалноста.

Промоција на италијанскиот превод на збирката раскази е закажана за во ноември, во рамките на италијанската недела на промоција на италијанскиот јазик што ќе се одржи во Скопје.

Претходно, Силвија Митевска со расказот „Сонот на Лучиа“, ја освои специјалната награда „Slow Food Tera Madre“ на дванаесетото издание на националниот конкурс „Мајчин јазик“ во Италија.