Додека Кејт Мидлтон закрепнува и се шират теории на заговор, принцот Вилијам ги продолжува своите кралски должности

од Vladimir Zorba
688 прегледи

Принцот Вилијам посети терен за крикет за да им честита на победниците на еколошката награда Earthshot, која тој ја основаше, придружуван од неговиот нов личен секретар.

„Овал“ е еден од 50-те стадиони каде што храната ќе се служи во кутии од морски треви, при што се верува дека принцот од Велс им помага да склучат договори. Добитниците на наградата Earthshot имаат за цел да обезбедат одржливо пакување на храна во спортски објекти за да се намали количината на пластика. Принцот Вилијам овој пат се појави во јавноста со нова десна рака, личен секретар и поранешен владин дипломат – Иан Патрик, кој почна да работи кај него на почетокот на годината.

Наградата Earthshot беше замислена и воспоставена од принцот Вилијам со Кралската фондација, со цел „да се открие, потенцира и помогне да се развијат иновативни решенија кои работат на поправка и регенерација на нашата планета“. Секоја година се објавуваат пет победници за нивниот придонес во борбата за зачувување на животната средина, а беше лансирана во 2020 година и е една од нејзините водечки климатски иницијативи, дизајнирана да ги инспирира научниците ширум светот на еколошки иновации. Првиот грант од 1 милион фунти беше доделен во 2021 година и се планира да се доделува секоја година до 2030 година.

Принцот Вилијам со голем ентузијазам го промовираше овој посебен проект, а тоа продолжува и сега, и покрај комплицираната ситуација во кралското семејство. Неговата сопруга Кејт Мидлтон се опоравува од операција на абдоменот и не треба да се појавува во јавноста дури до Велигден, а на кралот Чарлс му е дијагностициран рак. Според стариот обичај на кралицата Елизабета и Вилијам, тој се придржува до ставот „остани смирен и продолжи понатаму“, а по кратка пауза повторно се посвети на кралските должности. По оваа посета, во понеделник го чека уште една службена должност, исто така поврзана со наградата Earthshot, каде што ќе му се придружи поранешната премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн.

Слични содржини