Доделена Нобеловата награда за физика: Престижното признание го добија тројца научници

од Stefanija Kuzmanovska

Нобеловата награда за физика им беше доделена на тројца научници, а добитници се Пјер Агостини, Ференц Краус и Ане Луилје.

Тие ја добија наградата за „експериментални методи кои генерираат атосекундни импулси на светлина за проучување на динамиката на електроните во материјата“.

Ова е втора Нобелова награда што се доделува оваа недела.

Вчера, научниците Каталин Карико и Дру Вајсман добија престижна награда за медицина или физиологија, за нивниот придонес во развојот на mRNA вакцина против ковид.

Инаку, Нобеловата награда за физика се доделува од 1901 година, а само четири им припаднаа на жени.

Најмладиот лауреат беше Лоренс Брег, кој беше награден со својот татко на 25-годишна возраст во 1915 година.

Слични содржини