Доделени 14,9 милиони денари за инфраструктурни проекти во ромските заедници

од Nikola Popovski
317 прегледи

На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата денеска донесе Одлука за распределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.

Со 14,9 милиони денари предвидени со оваа програма ќе се финансираат повеќе инфраструктурни проекти во ромските заедници во Крива Паланка, Кавадарци, Прилеп, Кочани, Ранковце, Делчево и Шуто Оризари.

Слични содржини