Министерството за внатрешни работи на Република Српска соопшти дека на претседателот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, му биле упатени закани со смрт.

Како што јави државната телевизија РТРС, заканите биле упатени на официјалната електронска пошта на претседателот на Република Српска.
Според неофицијални информации на РТРС, во пораките српскиот народ бил нарекуван геноциден и се порачувало дека „треба да биде истребен“.