Додик: Европа треба да ја ослободи БиХ од колонијалниот статус и од Шмит

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, порача дека Европа треба да ја ослободи БиХ од колонијалниот статус, високиот претставник Кристијан Шмит и странците во Уставниот суд на БиХ.

Додик оцени дека нема единство во Европската унија (ЕУ) и дека Европа „не ја чекаат светли денови“, што ќе влијае и на земјите од Балканот, за што, како што наведе, ќе се разговара на Самитот на ЕУ што се одржува во Брисел.

„Ако донесат одлука на БиХ да ѝ дадат преговарачки статус, тогаш тоа е политичка одлука. Тоа ќе го направат ако им го дадат тој статус на Украина и Молдавија. Босна и Херцеговина треба да се ослободи од колонијалниот статус, Шмит и странците во Уставниот суд на Босна и Херцеговина“, изјави тој за новинарите во Бања Лука.

Според него, во Брисел се одржува „многу тежок самит“ кој ќе ја покаже состојбата на ЕУ, додавајќи дека во ЕУ нема единство за клучните прашања.

Слични содржини