75
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска во попладневните часови е прегледан во Белград поради акутни болки, по што е хоспитализиран.
Според првата дијагноза, по потребните подготовки ќе има операција на хранопроводникот и желудникот на Додик.
„Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Српска.