Додик: Несредена ситуација во Обвинителството и Судот на БиХ, обвинителот неодговорен

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска оцени дека испраќањето на доработка на обвинението против в.д. директорот на Службениот весник Милош Лукиќ и него покажува колку е несредена ситуацијата во Обвинителството и Судот на Босна и Херцеговина и рече дека обвинителот треба да одговара.

Тој на прес-конференцијата изјави дека обвинителот е „очигледно неодговорен“, пренесува РТРС.

„Зарем тоа не е доволно за некој да побара одговорност од обвинителот“, праша Додик и посочи дека повеќето обвинители одбиле да работат на овој случај.

Слични содржини