Додик официјално ја призна пресудата: Од Судот на БиХ побара откуп на затворската казна

од desk2
42 прегледи

Адвокатскиот тим на Милорад Додик, претседателот на Република Српска, во Судот на Босна и Херцеговина поднел барање за преиначување на затворската казна во парична, со што и официјално ја прифатија правосилната пресуда донесена минатата седмица, и покрај претходните тврдења дека станува збор за незаконска одлука на Судот на БиХ, јави босанско-херцеговскиот новински сајт „Кликс.ба“.

Додик најави референдум за неговата претседателска функција

Медиумот вели дека добил неофијална потврда дека Судот на БиХ го добил барањето на одбраната на Додик, а и дека нема ништо спорно во преиначувањето на казната, со оглед на тоа дека законот дозволува замена во случај на затворска казна до една година затвор, како во случајот на претседателот на Република Српска.

На Додик му е одземен мандатот како претседател на Република Српска: Еве кога одлуката стапува на сила

Додик казната мора да ја плати во рок од 30 дена. Казната изнесува 100 конвертибилни марки по ден, односно 36.500 марки (малку повеќе од 18.000 евра) за една година.

Слични содржини