Додик: Резолуцијата е пораз за бошњачката политика, Србите мора да кажат доста

од Nikola Popovski
680 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик порачал дека резолуцијата за геноцидот во Сребреница е пораз пред се за бошњачката политика и дека тоа покажува дека бошњачката политика е на погрешна страна.

„Требаше да има политика на договор со нас, а не послушност кон странците, Американците и Германците“, напишал Додик на социјалната мрежа „Инстаграм“.

Според неговите зборови, „тие се со нив, бидејќи мислат дека така најмногу зло ќе им нанеста на Србите“.

„Сега излезе дека тоа не е така. Ние Србите мораме да кажеме – доста е. Повеќе немаме причина да им веруваме“, истакнал Додик.

Генералното собрание на Обединетите нации во петокот ја изгласа резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Осумдесет и четири држави гласаа „за“ меѓу кои и Македонија, 19 беа против, а 68 земји беа воздржани.

На 11 јули 1995 српските сили влегоа во Сребреница, која беше под посебна заштита на ОН и издвоија повеќе од 8.000 муслимански мажи и момчиња, кои потоа беа убиени. И Србија и Република Српска негираат дека во Сребреница се случил геноцид, иако така беше утврдено од два суда на ОН.

Слични содржини