(ВИДЕО) Договорени предвремени избори за април 2016 година

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, по повеќечасовната средба со лидерите на политичките партии во Македонија рече дека е договорено предвремени избори да има во април наредната година, а дотогаш, во таканаречениот транзициски период, треба да се направи прочистување на избирачкиот список.

han-gruevski

Хан се заблагодари на трпението и рече дека имале многу интересна и конструктивна средба.

– Како што гледате опкружен сум со лидерите на политичките партии, имавме добра дискусија и добро е што и овојпат ги потврдивме заложбите за европската иднина на земјата. Претходно важно е да се решат внатрешните проблеми и поради тоа имавме временски притисок и да се постигне политички компромис и баланс. Се согласивме на транзиционен период, а до крајот на април идната година да се спроведат предвремени избори, но претходно важно е државата да се подготви за тоа. Да се направи прочистување на избирачкиот список и да се прифатат сите препораки на Европската унија. Деталите ќе се договорат на средба наредната недела во Брисел – рече Хан.

Лидерите на партиите не дадоа изјави по завршувањето на средбата. Рекоа дека одлучено е  да остане само изјавата на Хан.