Договорот за НАТО го помина првиот филтер без интервенциите што ги бараше Милошоски

од Aleksandar Todeski
337 прегледи

Без интервенции во Членот 4, како што претходно предложи претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски, пратениците едногласно му предложија на Собранието да го донесе Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

Седницата на Комисијата се одржа во присуство на заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, а по даденот зелено светло за Северноатлантскиот договор, помина првиот филтер за ратификацијата на Протоколот за НАТО.

По оваа комисија, Северноатлантскиот договор се сели во Законодавно-правната комисија, каде го поминува и вториот филтер, а потоа се пренесува на пленарна седница.

Заменик-министерот за внатрешни работи, Андреј Жерновски, рече дека е вистинска чест пред пратениците да го претстави Северноатлантскиот договор.

„Северноатлантскиот договор содржи 14 одредби. Колективната одрбана се смета за темел на сојузот. Според член 3 од дговорот, секоја од државата треба да изгради и поседува сопствени одбранбени капацитети. Членството на Република Северна Македонија е приоритет. Собранието на Република Македонија во 1993 година се донесе првата одлука за пристапувањето кон НАТО. Членството на Северна Македонија е гаранција за сигурност. Со членството ќе придонесеме за нашата безбедност, регионалната сигурност, како и сигурноста на НАТО. Договорот не бара изменување на актуелни закони“, рече Жерновски.

Заменик-министерот побара Собранието да го усвои посочениот Закон имајќи предвид дека пристапувањето во НАТО е една од клучните приоритети на земјата.

Доскорешниот амбасадор во НАТО, Зоран Дабиќ, истакна дека е огромна радоста за пристапувањето на земјата во НАТО.

„Вкупно 29 амбасадори потпишаа за пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО. Сите земји го ратификуваа Протоколот освен една. Среќен сум што се најде начин Протоколот да се ратификува предвремено, како што тоа го стори Црна Гора. Би сакал да ви честитам на сите за овој чекор“, рече Дабиќ.

Претходно, на Комисијата имаше десетминутна пауза, откако претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, побара да интервенираат во Членот 4 на Законот кој треба да се изгласа за Северноатлантскиот договор. Барањето, рече тој, е во координација со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

А.Т.

Слични содржини