Дојави за бомби во 134 училишта во Србија

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Дојави за подметнат електронски уред стигнале на електронските адреси на неколку основни и средни училишта во Србија, соопшти српското министерство за образование, наука и технолошки развој.

Дојавите пристигнале на е-маил адресите на 134 основни училишта на територијата на Управата на новосадските училишта, како и во некои училишта во Пирот, Ниш, Бабушница, Власотинце, Лебане и Куршумлија.

Поради безбедноста на учениците училиштата го информирале спрското МВР за заканите и екипи на министерството се на терен.

Слични содржини