Дојави за бомби во основни и средни училишта во Белград

од Stefanija Kuzmanovska
379 прегледи

Утрово во неколку училишта на територијата на Белград пристигнале информации за подметнати бомби, било потврдено за „Танјуг“ од српското МВР.

Пристигнаа пријави во основните училишта „Краљ Петар Други Караѓорѓевиќ“ на улица Марулиќева, „Владимир Роловиќ“, „Ѓура Јакшиќ“, „Данило Киш“, „Свети Сава“ и „Дринка Павловиќ“ и во неколку други училишта во Нов Белград и Земун. , пренесе РТС .

Наставата не е ни започната, а децата кои пристигнуваат се враќаат дома.

За пријавата се информирани надлежните служби и претстои претрес од страна на специјализирани екипи.

Слични содржини