Дојде редот за седницата за разрешување на Јанева

од desk4
140 прегледи

Претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери најави дека седницата за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе ја закаже за денеска или за утре.

„Во секој случај нема да биде на 15 септември. Во цајтнот, последниот ден нема смисла, ни потреба да се одржи таа седница“ изјави тој.

Мандатот на специјалната обвинителка Јанева, која е во притвор како осомничена во аферата „Рекет“, истекува на 15 септември.

Изминативе два дена опозициската ВМРО ДПМНЕ бара итно разрешување на Јанева.