Доколку има потреба, МВР е подготвено да го брани Собранието- нема загрозеност на државата само на ВМРО ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
127 прегледи

не очекувам дека ќе се случи судир меѓу полицијата и народот , и ова се само хушкачки методи  и обиди да се спречи смена на власт  и заминување на ВМРО ДПМНЕ во опозиција. Трајанов потврди дека нема никаква загорозеност на унитарноста на државата, освен загрозеност од криминалните структури на раководството на ВМРО ДПМНЕ.

 

 

 

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја следи ситуацијата и доколку има нарушување на јавниот ред и мир, подготвено е да реагира, велат за „Мета“ од МВР, во врска со најавите за можно насилно влегување во Собранието.

– Министерството за внатрешни работи има формирано оперативен штаб и ја следи ситуацијата на терен. Доколку дојде до нарушување на јавниот ред и мир, Министерството за внатрешни работи е подготвено да реагира – велат од МВР на прашањето дали е зголемено нивото на безбедност околу Собранието по ваквите најави.

Деновиве пред Собранието можеше да се слушне пораката „Народот ве седна во пратеничките клупи, народот ќе ве извади“, како и дека „стотици илјади луѓе се готови да ја земат правдата во свои раце“.

Медиумите кои отворено ја поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, почнаа да објавуваат текстови во кои провејува воена реторика и се споменува „самоиницијативна мобилизација“, „народни бригади“ и „граѓански групи кои за кусо време би реагирале со сите средства за спречување на узурпацијата на институциите“.

 Во синоќешната  24 Анализа се расправаше за дилемите „ Дали нервозата од секојдневните собраниски игранки може да се прелее на улиците?

Патриотски здруженија со паравоени амбиции, повелба за „спас на државата и со насилни средства“, „демонстранти на готовс“, политичари заглавени во блокади… Каде оди Македонија, колку тензијата може да ескалира во судири, дали нервозата од секојдневните собраниски игранки може да се прелее на улиците, има ли излез во македонскиот безизлез… На оваа тема дебатираат универзитетскиот професор Темелко Ристевски, поранешниот министер за внатрешни работи и пратеник Павле Трајанов и поранешен началник на МВР и магистер по безбедносни прашања Љубомир Ѓурчевски.
Екс министерот за внатрешни Павле Трајанов, исто така изрази уверување на спремноста на МВР да се соочи со какви било провокации, и истите да ги спречи, но тој не очекува дека ќе се случи судир меѓу полицијата и народот , и дека ова се само хушкачки методи  и обиди да се спречи смена на власт  и заминување на ВМРО ДПМНЕ во опозиција.
Тој потврди дека нема никаква загорозеност на унитарноста на државата освен загрозеност од криминалните структури на раководството на ВМРО ДПМНЕ.
целото видео на тв 24 тука