Излекуваниот доктор од Дебар, Арбен Аголи од Дебар во гостивање на ТВ 21 објасни дека успеал да го победи корона вирусот со смиреност и терапија.
-На почетокот ние здравствените работници бевме невнимателни, и покрај тоа што носевме ракавници, маски, користевме средства за дезинфекција, мислам дека не ја сфативме многу озбилно ситуацијата.Многу смирено ја примив таа вест. Не се уплашив воопшто и психички почнав да се подготвувам за тоа што следи, а тоа е 14 дена самоизолација во домашни услови и подлегнување на терапија која ми беше препорачана од колегите од Инфективната клиника – посочи Аголи.
Тој изјави дека цел тим од двајца доктори и 3 медицински сестри се заразиле од семејство кое дошло во болницата, чии членови подоцна се испоставило дека се позитивни на Ковид 19.