Доктор Беќаровски од Клиниката за токсикологија: Граѓаните да не пијат парацетамол без да се консултираат, така го доведува во опасност сопствениот живот

од Берта Китинска

Докторот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија на својот профил на Фејсбук објави предупредување дека некои граѓани се однесуваат апсолутно неодговорно во овие сериозни времиња.

Докторот апелира дека никој не смее да крие дека бил во контакт со луѓе кои се вратени од ризичните земји. Тој посебно ги предупредува таквите несовесни граѓани да не пијат парацетамол без да се консултираат со докторите, бидејќи така го доведува во опасност сопствениот живот, но и животот на своите најблиски како и здравјето на „белите мантили“ кои во овие моменти ни се најпотребни. Тој го спомена примерот на брачниот пар од Дебар и нивната лажна епидемиолошка анкета поради која може да згасне нечиј живот.

На лагата кратки и се нозете, Овие денови БОЛНИЦИТЕ и КЛИНИКИТЕ МОРА да бидат празни и спремни за ПИКОТ на пандемијата кој ќе уследи за 2-4 недели.НО, голем број на граѓани, глумејќи ИТАР ПЕЈО или НАСТРАДИН ОЏА, доаѓаат во здравствените установи, со претходно испиен ПАРАЦЕТАМОЛ, за да ја намалат фебрилноста и упорно криејќи дека биле во контакт со луѓе вратени од ризичните земји.

#1. Ги доведувате во опасност Вашите најблиски, ПОСЕБНО ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ, БАБИ, ДЕДОВЦИ
#2. Ги доведувате во опасност здравствените работници, кои овие денови, се на првата бирбена линија. И “белиот мантил” ЗАБОЛУВА ОД КОРОНА, а сега МОРА да се здрави 100%.
#3. Ги доведувате во опасност сите со кои ќе стапите во контакт.
#4. Примерот со брачниот пар во Дебар и лажната епидемиолошка анкета, која ја дадоа, нека Ви биде најдобар пример.
#5. ЛАГАТА ОВОЈ ПАТ ТРАЕ САМО 2 НЕДЕЛИ, А ПОСЛЕДИЦИТЕ….
#6. Дали ќе имате трошка совест, ако поради Вашата ујдурма ЗГАСНЕ НЕЧИЈ ЖИВОТ, пишува Беќаровски.

НА ЛАГАТА КРАТКИ И СЕ НОЗЕТЕОвие денови БОЛНИЦИТЕ и КЛИНИКИТЕ МОРА да бидат празни и спремни за ПИКОТ на пандемијата…

Публикувахте от Bekjarovski Niko в Неделя, 15 март 2020 г.

Слични содржини