Доктор објави видео од болница во Москва: Се повеќе млади во тешка состојба, им е потребен респиратор

од Aleksandar Petrovski
270 прегледи

Русија денес потврди 5.849 нови случаи на коронавирус, што е голем скок и сугерира дека земјата е во пикот на борба против вирусот корона.

Со овој нов скок, бројот на заболени во Русија достигна 68.622, а скоро половина од заразените се во Москва, пренесува Гардијан.

Порастот уследи по повеќедневниот пад на бројот на пациенти, проследени со извештаи дека хоспитализациите во Москва исто така се зголемуваат.

Во четвртокот, главниот лекар во една од болниците во руската престолнина изјави дека установата е под притисок поради бранови на млади пациенти кои имаат потреба од третман од „Ковид-19“.

Тој го снимил видеото во болницата 15 и испратил предупредување.

– Ни носат сè поголем број на млади пациенти во многу лоша состојба на кои им е потребен респиратор. Нашата служба за итни случаи е под притисок. Има многу пациенти, се повеќе и повеќе секој ден. Особено луѓе во 40-тите години “, рече лекарот на видеото.

Русија очекува зголемување на бројот на заразени во наредните денови бидејќи вирусот продолжува да се шири од Москва во другите региони на земјата.

Досега, 615 луѓе починале од коронавирусот во земјата.