Многу тајни на египетската владетелка Хатшепсут се разоткриени во документарецот кој прикажува што сè се крие во заборавените одаи на еден фараонски храм.
Кралицата Хатшепсут била петти фараон на 18-та египетска династија и таа е всушност првата жена фараон. Поради тоа воглавно во јавноста настапувала и се облекувала како маж. Оваа исклучителна жена брзо сфатила дека мора да биде подобра од своите (машки) претходници ако сака да владее со Египет.
Во стариот Египет, тронот бил наследуван од маж, а зборот “кралица” не ни постоел, затоа Хатшепсут сакала да го надмине секој маж со што наредила изградба на импозантна палата.
Документарецот на британскиот “Channel 5” открива дека цртежите на ѕидовите од палатата покажуваат дека пред 3.500 години кралицата имала афера со еден дворјанин по име Сененмут. На еден ѕид дури се наоѓа и цртеж од сексуален однос помеѓу две личности за кои се смета дека се токму тие двајца.
Secrets of Egyptian pharaoh Queen Hatshepsut’s tomb are uncovered in a fascinating documentary – including the hidden wall carvings that hint at an illicit affair with a courtier https://t.co/NrAQunXVpY
— 📰The_News_DIVA📰 (@The_News_DIVA) June 28, 2019
Сененмут не бил член на кралското семејство, но е прикажан на повеќе места во одаите на храмот посветен на Хатшепсут. Долго се верувало дека токму тој, кој ја надгледувал изградбата на палатата, бил тутор на ќерката на кралицата.
Меѓу архитектонските потфати кои се сочувани од тоа време, најзначаен е споменатиот Погребен храм на кралицата Хатшепсут, кој е изграден околу 1485 година п.н.е. во Дер ел Бахари. Овој храм е монументален како и храмовите на Старото кралство, а извонредната градба е дело токму на Сененмут кој се сметал за најдобар архитект од тоа доба.