Документарниот филм „Викај ме Тони“ вечерва на МакеДокс

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ и годинава донесе голем број на авангардни филмски наслови. Синоќа, во Куршумли-ан беше прикажан филмот „Над возможното“ (Полска, Германија, Финска) на Марта Прус и беше отворена и програмата на земјата во фокус – Полска. Пред почетокот на филмската програма беше изведен перформансот „Скопје-Варшава… со љубов виа Малух“ според концептот на Владан Царичиќ – Цар.

Денеска од филмската селекција ќе бидат прикажани филмовите „Викај ме Тони“ на Клаудиус Кростовски, „Далечниот лаеж на кучињата“ на Симон Леренг Вилмонт.

Мото на деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е „Реалноста режира, ние правиме филмови“ со што тематскиот фокус на фестивалот е ставен на режијата во документарниот филм. Прва активност на вториот фестивалски ден беше почетокот на работилницата на Пирјо Хонкасало, која до 19 август ќе се одржува во Музејот на современата уметност. Работилницата се одржува со поддршка на македонскиот деск на МЕДИА на програмата „Креативна Европа“.