Доларот зајакна, еврото ослабе

од desk2

На светските пазари вредноста на доларот во однос на другите валути минатата недела се зголеми, компензирајќи ги загубите од една недела претходно, додека еврото ослабе бидејќи се очекува Европската централна банка веќе во септември да ја олесни монетарната политика за да се спротивстави на ризиците од рецесија.

Индексот на доларот, кој ја покажува американската вредност во однос на другите шест најголеми светски валути, се зголеми минатата недела за 0,7 проценти, на 98,19 поени.

Притоа, американската валута во однос на европската валута доби 1 процент, па цената на еврото се спушти на 1.1090 долари.

Во однос на јапонската валута, доларот порасна за 0,7 проценти на 106,35 јени.

Растот на американската валута во однос на европската дојде по сигналите дека Европската централна банка (ECB) наскоро би можела да ја олесни монетарната политика поради слабоста на економијата во еврозоната.

Слични содржини