Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Доларот зајакнува, ризичните валути паѓаат

Доларот зајакнува, ризичните валути паѓаат

Доларот зајакна денес откако апетитот на инвеститорите за ризик се намали во очекување на најновите податоци за работните места во САД и затоа што законодавците во Вашингтон сè уште не можат да се договорат за нов пакет финансиска помош.

Апетитот за ризик на девизните пазари се засили вчера, откако податоците на американскиот институт за управување со набавки (ISM) покажаа дека новите нарачки во услужната индустрија се искачија на рекордно ниво. Сепак, податоците покажаа пад на вработеноста, што укажува на нестабилно закрепнување на пазарот на трудот.

Доларот ослабна во однос на корпата на валути во текот на ноќта, при што индексот падна на двегодишен минимум од 92.495 поени, а потоа закрепна на 92.821 поени утрово, пренесува Ројтерс.

Еврото достигна двегодишна височина од 1,1916 американски долари во однос на доларот кога се приближуваше затворањето на трговијата во Азија, по што се врати на ниво од 1.1859 долари.

Единствената валута која започна нагорна патека вчера по објавувањето на податоците за растот на индексот на менаџерот за набавки, што укажува на почеток на економска експанзија во еврозоната.

Инвеститорите чекаат за исходот од состојбата во врска со новиот пакет државни стимулации во САД. Засега нема сигнал дека се намалени поделбите меѓу републиканците и демократите околу овој мултибилионски пакет.

Програмата за придобивки од невработеност во износ од 600 долари неделно за десетици милиони Американци кои ги загубија своите работни места за време на пандемијата истече минатиот петок.

Шведската и норвешката круна паднаа наспроти доларот денес, во спротивност со претходниот нагорен тренд, при што шведската круна го забележа најсилниот девизен курс во однос на доларот од средината на 2018 година на крајот на азиската трговија.

Швајцарскиот франк се засили во однос на еврото и доларот бидејќи пазарните играчи станаа повнимателни. „Швајцарецот“ се тргуваше по 0,90805 за долар, близу до највисоката стапка во последниве пет години.

Што се однесува до новите пазарни валути, турската лира падна на рекордно ниско ниво во однос на еврото и падна за 2,7 проценти во однос на доларот.

loading...