Долгот кон ЈП Водовод и канализација ќе може да се плати без пресметана камата
По барање на граѓаните на Град Скопје се обновува одлуката за ослободување од камата на сите корисници на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (тужен и редовен дел) да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење до 1 ноември, сметано од денот на донесување на оваа одлука.
Во зависност од висината на долгот (главен долг и трошоци), истиот може да се отплати на рати, и тоа по следните критериуми:
Физички лица
На 4 рати за износ од 10.000 ден. до 30.000 ден.
На 6 рати за износ од 30.001 ден. до 50.000 ден.
На 8 рати за износ од 50.001 ден. до 70.000 ден.
На 10 рати за износ од 70.001 ден. до 90.000 ден.
На 12 рати за износ над 90.001 ден.
Правни лица
На 2 рати за износ од 10.000 ден. до 50.000 ден.
На 3 рати за износ од 50.001ден. до 100.000ден.
На 4 рати за износ од 100.001ден. до 150.000 ден.
На 5 рати за износ од 150.001ден. до 200.000 ден.
На 6 рати за износ над 200.000 ден.
Ова ослободување од камата нема да важи за државните институции, локални самоуправи итн.
Исто така Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје донесе одлука со која се одобрува физичките лица од социјално ранливите категории (приматели на постојана парична помош, приматели на социјална помош, самохрани родители и сл.) кои имаат заостанат долг истиот да можат да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото.