Долговите во јавно здравство надминаа 72 милиони евра !

На крајот од вториот квартал во споредба со состојбата во првиот квартал од годинава, долгот на јавното здравство е зголемен за 12,3 милиони евра додека во споредба со лани истиот период е забалежано намалување. Од почетокот на оваа календарска година доспеаните а неплатени обврски повторно ќе зголемија

од Vladimir Zorba
20 прегледи

На пресекот од првата половина од оваа економска година, на крајот на јуни долгот на јавното здравство надмина 72 милиони евра. Новите податоци што ги објави Министерството за финансии за доспеани а неплатени обврски на централно и на локално ниво покажуваат дека долговите на здравстените институции, болници, клиники, институти, здравствени домови, се во пораст.

Јавни здравствени установи – доспеан долг:

* Јуни 2025 – 72.123.000 евра
* Март 2025 –  59.830.000 евра

На крајот од вториот квартал во споредба со состојбата во првиот квартал од годинава, долгот на јавното здравство е зголемен за 12,3 милиони евра додека во споредба со лани истиот период е забалежано намалување. Од почетокот на оваа календарска година доспеаните а неплатени обврски повторно ќе зголемија.

Од листата најзадолжени скоро 900 субјекти, во првите десет се вбројуваат Зедничката служба за снабдување на Клиничкиот центар Скопје е со долг кој достигна 39 милиони евра и Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија со доспеани а неплатени обврски во износ од 11,6 милиони евра.

Заедничката служба за снабдување на клиниките со години кумулира милионски долгови , од само неколку достигнаа двоцифрена бројка, до скоро 40 милиони евра. Набавките на скопските клиники, Заводот и Ургентниот центар се спроведуваат токму преку оваа инститиција но поради тоа што клиниките навреме не ги плаќаат обврските, заедничата служба секоја година работи со длабок минус. Дел од министрите за здравство најавуваа решение за оваа институција, па дури имаше и план за нејзино укинување но остана нејсно како ќе се отплатат милионските долгови.

Министерот за здравство, Алиу

Министерот за здравство, Алиу

На должничката листа, со повисоки долгови се и ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести со 7,5 милиони евра, Институт за трансфузиона медицина со долг во износ од 3,7 милиони евра и ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија со доспеани а неплатени обврски во износ од 3,3 милиони евра. Долгот на останатите здравствени институции е понизок од 3 милиони евра.

Состојбите во здравството често се мета и на меѓупартиски обвинувања. Од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека веќе е започнaта консолидацијата на долговите.

„Почна процесот на консолидација на јавните здравствени установи низ државата, што вклучува намалување на наследените долгови и екипирање со неопходен здравствен кадар“, соопштија од владеачката партија.

За разлика од нив опозициската СДСМ обвинува дека во дел од болниците се спроведуваат „вработувања по роднински и партиски клуч и дека власта се фали со набавени апарти во мандатот на претходната владеачка гарнитура“.

Министерството за здравство е еден од „најранливите“ ресори кој е меѓу првите на удар при министерски ротации и реконструкции во речиси секој владини кабинет. На почетокот на јуни годинава во Собранието за нов министер за здравство беше избран Азир Алуи. Ова беше практично седма по ред министерска смена за седум години (Арбен Таравари беше со два непоследователни мандати).

Д.А.

Слични содржини