
ДОМ е против отворање рудници во Македонија, од Петрошница во старо Нагоричане, Плавица во Пробиштип, во Кочани, Струмица, Делчево, се до Казандол во Валандово.
Според ДОМ, најитно треба да се решат рудниците Казандол, валандовско и Иловица, Струмичко, кои веќе добиле концесии од министерството за економија и се градат. ДОМ бара стопирање на активностите и итна ревизија на нивните концесии, а основа се барањата на граѓаните во сите засегнати општини преку протести и референдуми.