100
Организаторот на годинашново издание на „Копа Америка 2015“ репрезентацијата на Чиле со победа го почна натпреварувањето откако ноќеска со 2:0 го победи Еквадор.
Чиле поведе во 67.минута со голот на Артуро Видал од пенал, а конечните 2:0 ги постави Едуардо Варгас во 84.минута. Ова воедно беше и првиот натпревар од групата А каде вечерва ќе играат уште Мексико и Боливија.
На програмата за денеска се уште и двата дуела од групата Б: Уругвај – Јамајка и Аргентина – Парагвај. Во групата Ц се наоѓаат селекциите на: Бразил, Колумбија, Перу и Венецуела, а дуелите од првото коло ќе ги играат на 14.јуни.
На „Копа Америка 2015“ учествуваат 12 репрезентации поделени во три групи по четири селекции./MIA