Многу голем процент од жените веруваат главно на козметиката на која задолжително има етикета со некоја светска марка.
Името и маркетинг стратегијата на кој и да е гигант не само што во никој случај не можат да бидат критериум за квалитет, туку понекогаш се добива и токму спротивното.
Подобро е да не ги игнорирате производите од пониската ценовна класа, а најдобро ќе е ако почнете да се потпирате главно … на себе.
Домашните маски даваат широк спектар на рецепти за сите потреби на секој тип на кожа и коса. Рецептот овој пат ќе биде за изработка на домашен балсам за коса, бидејќи знаеме колку е важен тој за неа.
Производите се достапни во секое домаќинство, а лесната техника ќе ви помогне за неколку минути да го решите вашиот проблем, ако сте заборавиле да купите балсам од продавницата.
Без разлика дали сте решиле да ја промените козметиката или не, пробајте го овој рецепт – сигурно ќе бидете задоволни.
Ќе ви бидат потребни:
2 лажици јаболков оцет
½ чаша вода
Начин на приготвување:
Измешајте го оцетот со водата и истурете врз косата. Тоа ќе биде доволно за да омекне косата, да ја направите полесна за фиксирање во различни фризури и значително поелегантни од порано.
Во случај дека имате првут, можете да измешате со оцетот и водата малку чај од коприва.Втријте повторно во косата, но фокусирајте се повеќе на корените.
Потоа исплакнете добро, за да ја избегнете заостанатата миризба и нанесете хидратантна маска за да ја зацврстите косата и хидрирате.