162
Се чини како секогаш на почетокот на ново годишно време, косата како да реагира со зголемено опаѓање. Ако тоа трае неколку дена е сосема нормално.
Но, ако продолжи проблемот и понатаму, ризикот косата да се изретчи и да ја изгуби живоста е многу голем. Затоа, треба да ја негувате со соодветни производи, наменети за вашиот тип на коса. Обрнете внимание и на исхраната и стресот, но и еднаш неделно израдувајте ја косата со оваа маска:
Измешајте 1/4 шолја јогурт, две лажици зелен чај, мала лажичка мелен синап и едно јајце. Сите состојки измешајте ги и нанесете најмногу на коренот, а во потенок слој по целата должина.
По 30 минути исперете ја косата на вообичаен начин.