190
Домашна паштета за секакви прилики, кога ќе ви дојдат изненадни гости, кога не ви се готви, кога сакате децата да јадат нешто здраво и хранливо…
СОСТОЈКИ:
200 гр пилешко бело месо
4 лажици кисела павлака
1 главица кромид
магдонос
семки од тиква
семки од сончоглед
малку печен сусам
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте ги. За неколку минути вашата паштета е готова. Намачкајте на леб и послужете.