Домашна пилешка супа со кнедли на три начини: Мелем за желудникот после тешка храна

од desk2
477 прегледи

Идеална супа после богатата празнична трпеза…

СОСТОЈКИ:
1/2 пиле
1 морков
магдонос
пашканат
1 помал компир
1 главица пропржен кромид
неколку зрна бибер
сол
сув зачин
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На малку масло пропржете изрендан морков, додајте исечкан пашканат, компир, пропржен кромид, бибер и месо. Налијте вода и гответе додека не се зготви месото. Со решетка извадете го месото и компирот, па месото одвојте го од коски и вратете го во тенџерето. Додајте сол и малку зачини.
Прв начин: Во чинија ставете на врв на лажица маст (може и масло), додајте 1 јајце и добро изедначете, па додајте 5-6 лажици гриз и на врв на нож прашок за печиво. Измешајте, па со лажица вадете кнедли и спуштајте ги во супата. Гответе уште 2-3 минути.
Втор начин: Разматете една белка во цврст снег, додајте жолчка и малку масло и 4-5 лажици гриз. Сѐ изедначете и вадете со лажица.
Трет начин: Една белка разматете во цврст снег со вилушка, додавајте по малку гриз (околу 4 рамни лажици), добро изедначете и вадете со лажица и спуштајте во супата.
Добар апетит!

Слични содржини