Доматите -пријателите на нашето здравје

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Доматите се незаменлив дел од македонската кујна. И да, тие за ботаниката се овошје, иако повеќето луѓе се навикнати да ги сметаат за зеленчук. А сега, во текот на летото, тие се присутни во секојдневното мени – најмногу во салатите. Добрата работа кај овие црвени плодови (освен што се многу вкусни) е дека содржат бројни корисни материи и влијаат одлично врз нашата здравствена состојба.62eb0ccbebc69b3a39e4cf37296458e4

Ако не верувате, дознајте зошто доматите можат да бидат прогласени за пријатели на човекот и чувари на неговото здравје:

1. Доматите делуваат одлично на кожата

Многу од скапите производи за лице ја содржат супстанцијата ликопен, што пак може да биде најдена во доматите. Наместо да се трошат многу пари за слична козметика, може да го подобрувате изгледот на кожата со домати. Доволно е само да излупите еден црвен плод и да го исечете. Потоа поставувате парчиња на лицето и чекате околу 10 минути пред да ја измиете кожата.

2. Доматите можат да го намалат ризикот од рак

Поради високата содржина на витамин Ц и горенаведениот ликопен, доматите се борат против ракот. За да извлечете максимална корист од вкусниот плод, најдобро е тој да помине термичка обработка. Доматната супа е одличен извор на ликопен!

3. Доматите се корисни за коските

Доматите се богати со витамин К и калциум , што значи дека ги заздравуваат коските на човек. Веќе добро познатиот ликопен пак ја подобрува коскената маса и се бори против остеопорозата.

4. Доматите можат да го спречат оштетување на ДНК-то

Слободните радикали ја оштетуваат ДНК-то на човек, што од своја страна доведува до развој на голем број болести. За среќа, доматите содржат многу антиоксиданси кои се борат против штетните слободни радикали.

5. Доматите го намалуваат воспалението

Утврдено е дека консумирањето на една чаша сок од домати секој ден може да го намали количеството на TNF-алфа во крвта со над 30%. Токму TNF-алфа ги предизвикува воспаленијата во телото.

6. Доматите содржат голема количина на витамин А

Овој витамин помага за одржување на нашата кожа здрава, а влијае одлично на забите и коските. За да примите половина од секојдневната препорачана доза витамин А, само треба да изедете една чаша сецкани домати.

7. Доматите можат да спречат мозочен удар

Ова нивно својство повторно се должи на супстанцијата ликопен.