Република Македонија мора да се приклучи на НАТО за мирот и стабилноста на регионот. Ова се вели во извештајот на Домот на лордовите “Велика Британија и иднината на Западен Балкан”.

Документот беше усвоен во декември минатата година, но официјално беше објавен на 10 јануари, пишува грчкиот весник Прототема.
“Владата на Неговото Височество треба да и помогне на Македонија да влезе во НАТО со или без решение за спорот за името”, се вели во извештајот. Според лордовите, членството во НАТО ќе ја подобрat стабилноста и ќе придонесе за мирот во регионот.
Потсетувајќи дека Обединетото Кралство ќе биде домаќин на самитот за Западен Балкан оваа година, извештајот покажува дека Лондон има намера да помогне во изградбата на постабилен Балкан.