Придружуван од првата дама, Доналд Трамп за последен пат ја напушти Белата куќа за време на неговото претседателствување.
„Го сакам американскиот народ. Ова е збогум, но се надевам дека не е збогум засекогаш“, им рече кратко Трамп на новинарите.
Тој ја напушти Белата куќа со сопругата Меланија. Хеликоптер долета по него и Меланија Трамп и ги однесе на Флорида.
JUST IN: President Trump departs the White House for final time as president. pic.twitter.com/RWAhuZTvy4
— NBC News (@NBCNews) January 20, 2021
Трамп отслужи четири години како претседател на САД и како што најави, нема да присуствува на инаугурацијата на наследникот Џо Бајден. Пред да ја напушти Белата куќа, тој потпиша серија уредби за давање помилување на голем број осуденици, вклучувајќи го и неговиот поранешен менаџер на кампањата Стив Бенон.
Претходно Белата куќа објави проштална видео порака од претседателот на САД во заминување.