Доналд Сатерленд ќе добие почесен „Оскар“

од Vladimir Zorba

Холивудскиот актер Доналд Сатерленд ќе биде награден со почесен “Оскар” за севкупната креативност, иако никогаш досега не добиле дури номинација за престижните награди. Сатерленд, кој во јули ќе наполни 82 години, бил вклучен во голем број на успешни филмови како “Валкана дузина”, “Епидемијата на крадците на тела”, “Окото на иглата”, а неодамна и во серијата “Игрите на гладот”. Сепак тој ниту еднаш не добил номинација за наградата “Оскар”.

Според Џон Бејли, новиот директор на одборoт на Академијата за филмски уметности и науки, која ги доделува наградите “Оскар”, за него е изненадување тоа што актер како Доналд Сатерленд не бил номиниран.

Наградата ќе му биде врачена на Сатерленд за време на церемонијата на одборот на директорите, која ќе се одржи во ноември.

Слични содржини